Политики

ПОЛИТИКА НА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

 

Прибирање и користење на личните податоци

www.glorigb.com.mk e едиствен корисник на информациите што ќе ги оставите на оваа страница. Ние нема да ги продадеме, поделиме или изнајмиме Вашите информации на други во било кој облик.

www.glorigb.com.mk ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за техничките потреби на е-продавницата , можете да добиете информација од нас за новите производи, услуги или промоции за кои мислиме дека се од заеднички интерес. Во случај да не сакате да ги добивате овие информации имате опција за исклучување.

Вие можете во секој момент да пристапите и да ги промените Вашите лични податоци оставени на www.glorigb.com.mk со избирање на линкот со вашето име во горниот десен агол на екранот.

 

Регистација

Регистрацијата е неопходна само при комплетирање на наплатата и тогаш од купувачите се бара да внесат следниве податоци: име, презиме, е-mail адреса (која е и  корисничко име) и лозинка. Исто така задолжителни податоци кои треба да ги остават за успешно извршување на доставата се: адреса, телефон, поштенки број, град и земја. Опционо купувачите можат да го остават датумот на раѓање, име на фирма, втора адреса како и втор телефонски број. Овие податоци не се задолжителни, но се препорачуваат со цел за полесно комуницирање при доставата.

 

Нарачка 

При процесот на наплата www.glorigb.com.mk ги побарува следниве податоци од купувачот: контакт инфомации и адреса за испорака. Може да се додаде и дополнителна адреса која ќе стои на фактурата. Овие податоци се користат за евиденција на нарачките и навремена испорака.

Во моментот на реализацијата на плаќањето со платежни картички, купувачот се пренасочува на заштитена web страна на НЛБ Тутунска Банка на која ги внесува податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањето со што www.glorigb.com.mk не располага со истите.

 

Cookies 

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите е-продавницата на www.glorigb.com.mk . www.glorigb.com.mk ги користи Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата е-продавница. Овие податоци се енкриптирани, не се читливи и се достапни само за www.glorigb.com.mk

 

Лог 

www.glorigb.com.mk користи IP адреси за анализа на трендовите, администрирање на страната, следење на интересите на купувачот и за собирање на демографски податоци. IP адреси не се поврзани со личните профили.

 

Безбедност  

www.glorigb.com.mk се обврзува да ја заштити безбедноста на Вашите лични податоци. Вашите податоци грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.

 

Врски со други интернет страници  

Интернет страниците под оваа страница може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од е-продавницата www.glorigb.com.mk и оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува на нив. Кога ќе ја напуштите е-продавницата www.glorigb.com.mk, ве молиме водете сметка и прочитајте ги изјавите за заштита на личните податоци на секоја интернет страница.

 

Право на информации  

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, Ве молиме контактирајте не.

 

ГЛОРИ ГБ ДООЕЛ СКОПЈЕ

ул. 1611 број 8

1000 Скопје,

Македонија

Тел:   072 222 111

contact@glorigb.com.mk

На ваше барање, ќе бидете во најскоро можно време информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на е-продавницата www.glorigb.com.mk

 

Објавување на промени  

Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во оваа изјава за заштита на личните податоци, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Благодариме.

 

 

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ПРОДАЖБА 

 

Сите цени во нашата е-продавница се изразени во денари со вклучен ДДВ.

По комплетирањето на нарачката ќе добиете e-mail порака за потврда и детали од нарачката.

Плаќањето можете да го направите:

Со платежни картички Master Card, Maestro, Visa, Visa Electron издадени од било која банка во Македонија или странство.

 

 

Доколку не по наша вина сакате да го вратите производот и да Ви бидат вратени парите, во тој случај должни сте производот да го чувате неоштетен, неупотребуван, во оригиналното пакување заедно со приложените документи.

Без оглед на тоа од кои причини сакате да го замените или вратите производот, треба претходно да ни доставите писмена изјава во која ќе ја наведете Вашата причина на e-mail адресата: contact@glorigb.com.mk

Благодариме.

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА

Потрошувачот има право да го врати нарачаниот/купениот производ согласно тука наведените услови и правила.

Секој корисник е должен при превземање на производот/ите, да ги провери заради евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку доставениот производ е оштетен или одреден производ недостасува од нарачката, Потрошувачот е должен веднаш да не информира на броевите за Подршка на корисници или на електронската адреса, заради замена на оштетениот производ/и или достава на производите кои недостасуваат, во спротивно го губи правото подоцна да истакне рекламација за доставениот производ. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на Потрошувачот. Целиот процес на враќање или заменување не се заврши во период од 7 дена исто така Потрошувачот го губи правото на рекламација.

Потрошувачот има период од 7 денови во кој може да го раскине договорот без образложение на причината и единствениот трошок кој се плаќа од купувачот е директниот трошок за враќање на производот. Во ваков случај на Потрошувачот ќе му бидат вратени средствата во рок од максимум 30 дена на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија.

Процедурата која треба да се вратат производите е следна:

• Потрошувачот треба своерачно да креира сметка на нашата продажна веб страна.

• Потврдување на веродостојноста на вметнатите информации.

• Најава на Потрошувачката сметка.

• Потполнување на сите полиња во пределот на Пријави.

НАПОМЕНА: Сите полиња се обврзувачки да се пополнат.

1. Доколку Потрошувачот ја откаже својата нарачка по добивањето на известувањето за потврда на нарачката, а пред да се изврши достава на нарачаните производи, на Потрошувачот ќе му бидат вратени средствата во рок од максимум 30 дена на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија.

2. Во случај на неиспорака на потврдена и платена нарачка од причини кои можат да се стават на товар на Потрошувачот (неточна/нецелосна адреса, неточен телефонски број за контакт), се обврзуваме да ги вратиме средства во рок од максимум 30 дена, од денот на утврдување на неможноста за испорака, намален за износот на банкарската провизија, а доколку бил направен обид за достава намален и за трошоците за доставата.

ГЛОРИ ГБ ДООЕЛ го задржува правото на измена и дополнување на Условите и правилата за враќање и замена, без обврска за претходно известување на корисниците за евентуалните промени.

ПОТРОШУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.

 

Благодарам

Cookies 

 

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите е-продавницата на www.glorigb.com.mk . www.glorigb.com.mk ги користи Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата е-продавница. Овие податоци се енкриптирани, не се читливи и се достапни само за www.glorigb.com.mk

ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА

 

 

 

УСЛОВИ НА ИСПОРАКА

 

Откако ја потврдивте нарачката на производите, нарачката влегува во процес на обработка.

 

Рок на испорака

 

Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена ќе биде испратена на достава. Рокот на испорака е 3-5 дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Работното време на нашиот online shop е од 8.00 до 17.00 часот во текот на неделата и сабота од 9.00 до 15.00 часот.

 

Превземање на пратки

 

Курирската служба, екстернa фирма која ја врши доставата за нас пратките ги доставуваат на адресата за испорака. Ве молиме да има личност која ке може да ја прими доставата. При превземање на пратката потребно е да се изврши визуелен увид на пакетот, случајно да не има некои физички видливи оштетувања. Доколку забележите било какво оштетувања на самиот пакет или пак се сомневате дека можеби производот е оштетен, треба да се одбие пратката и во истиот момент да не известите со повик на телефонскиот број 072 222 111 или по пат на e-mail contact@glorigb.com.mk Доколку е се во ред со пратката без никакви оштетувања слободно превземете ја и потпишете се на испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Секоја пратка има испратница во два примерока. Вообичаена пракса е курирот да ве контактира телефонски 15-30 мин пред да ви ја достави пратката на назначената адреса. Доколку не сте во можност во тој момент да ја превземате пратката, времето за испорака се договара со доставувачот, а рокот за испорака може да го надмине предвидениот рок од Условите за испорака. Доколку курирот не ве добие на контакт телефонот кој сте го оставиле или не ве пронајде на адресата наведена за достава пратката се враќа кај нас, а ние ќе ве контактираме да дојдеме до заклучок за да се договориме за повторно испраќање.

 

Цена на Испорака

 

Цената на достава за сите нарачки чија вредност е поголема од 1500 денари е бесплатна!

 

Цената на достава за сите нарачки чија вредност е помала од 1500 денари доставата се плаќа 140 денари со вкалкулирано ддв.

 

www.glorigb.com.mk за рекламација на производ е должен да го замени во рок од 30 дена од денот на фактурата. www.glorigb.com.mk не се грижи за доставата на производот кој се рекламира. Купувачот може да го рекламира производот, а трошокот за транспорт заради рекламација паѓа на терет и сметка на купувачот. Купувачот може да избере каков сака начин за достава заради рекламација на производ. www.glorigb.com.mk не може да презеде на своја сметка и на свој трошок проблеми околу големините на производите. Доколку купувачот има потреба од замена на величина заради неправилен избор на производ од аспект на димензии www.glorigb.com.mk стои на располагање и ќе одговори заради задоволување на купувачките права и желби, но трошокот за доставата и замената на производот паѓа на терет и сметка на купувачот.

 

Напомена

 

Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ, согласни сте со условите за испорака.

 

Дома